Според информациите на Спорт 1, Вардар треба да добие сериозна финансиска инјекција, во клубот влегува Туркиш ерлајнс, кој ќе има обврска годишно да вложува по најмалку еден милион евра во наредните десет години.
Раководството на Вардар е во Истанбул, каде што се водат завршните преговори со турската компанија.
Претходно Вардар се поврзуваше со катарската авиокомпанија Катар ервејс, но од тој договор не испадна ништо.
Вардар се обидува експресно да се врати во Првата лига, но резултатите на терен не се онакви какви што посакуваат Вардаровите фанови. Тимот е на третата позиција со пет бода помалку од второпласираната Воска, која засега е на местото што води во бараж. Прв е Силекс, кој има дури 12 бода повеќе од Вардар.






