Турчинот прво го навлече гневот на јавноста, но неговото објаснување кај многумина го оправдува неговиот потег.
„Илијадници луѓе умираат на Блискиот исток и сите молчат и го игнорираат тоа затоа што не се случува во Европа. Не се чувствувам убаво да носам таква маичка бидејќи не е направена и за другите земји кои со години се во војна. Сепак, сметам дека треба да ги осудиме сите војни кои се водат во светот“, рече Демир.






