понеделник, 22 декември 2025

Тухел се разочарал кога видел дека Анчелоти и судијата се смеат по натпреварот

Објавено на

часот

Сподели

Томас Тухел вели дека кога тргнал да се поздрави со судијата, видел како тој се смее со Карло Анчелоти и тоа не му се допаднало.

„Бев разочаран дека судијата делуваше расположено зборувајќи со мојот колега Карло Анчелоти. Кога сакав да отидам до судијата и да му речам благодарам за мечот, видов како тој гласно се смее со противничкиот тренер“, вели Тухел.

„Мислам дека е погрешно да се прави тоа по последниот свиреж на меч каде едниот тим го даде срцето и се бореше до последната капка“.

„Одите и гледате како судијата се смее гласно со другиот тренер. Мислам дека тоа е многу, многу погрешен момент. Му го кажав тоа и на него“. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ