Челси не може да продава дресови, влезници, не може да прави трансфери, дозволени им се само некои основни операции во клубот со кои може да функционираат.
Пред мечот со Норич ги напушти и главниот спонзор „Три“, и пред клубот се тешки денови доколку властите не тргнат дел од ограничувањата.
По натпреварот Тухел беше запрашан и за ситуацијата во Челси.
„Сè додека имаме доволно дресови и автобус да нè вози на натпреварите, ќе бидеме таму и ќе се натпреваруваме со сите сили“, вели Тухел.
„Точно е дека ситуацијата е неизвесна, има секакви гласини, но ние ги правиме вообичаените работи, имаме тренинзи, состаноци, играме натпревари и ќе продолжиме да го правиме тоа“.






