среда, 24 декември 2025

Тухел го остави Лукаку да дреме на клупа, Хаверц и Пулишиќ донесоа победа за Челси (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Челси ја оправда фаворитската улога и со 2-0 го совлда Лил на „Стемфорд Бриџ“. Резултатот беше отворен во 8. минута, Хаверц скокна највиско по еден корнер и со глава ја затресе мрежата на гостите за 1-0.

Дилемите околку победникот беа решени во 63. минута, Канте одлично повлече од својата половина и во право време го проигра Пулишиќ, кој ја префрли топката преку голманот за 2-0.

Ромелу Лукаку, кој против Кристал Палас имаше само седум допири на топката, вечерва не доби шанса, најскапото засилување во историјата на „сините“ мечот го преседе на клупата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ