четврток, 25 декември 2025

Тренерот на Шалке јавно му се извини на Чурлинов

Објавено на

часот

Сподели

Шалке губеше од Регенсбург со 1-0, по што во 62. минута во игра влезе Дарко Чурлинов. Веднаш по неговото влегување домаќините постигнаа два гола и го свртеа мечот, поведоа со 2-1.
 
Во 80. минута, само 18 минути откако го внесе во игра, тренерот реши да го извади Чурлинов за да го чува резултатот.
 
„Сакам да му се извинам на Дарко. Знам колку лошо е експресно да бидете заменети откако ќе влезете во игра, но сето тоа беше само со една цел, за успех на тимот“, изјави тренерот Грамозис.
 
Шалке во моментов е на петтото место во втората Бундеслига, но има само два бода помалку од лидерот Дармштад.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ