Роберт Левандовски во неколку наврати се поврзуваше со преселба во Реал Мадрид, но последните информации го поврзуваат со изненадувачи трансфер во Атлетико Мадрид.
Новинарот Пако Гарсија во емисијата „Ел Чирингито“ пренесе дека Роберт Левандовски и неговата сопруга сакаат авантура во Шпанија и Атлетико Мадрид е една од опциите, иако во моментов нема конкретни преговори.
Новинарот Роберто Гомез исто така пишува за можноста Роберт Левандовски да се пресели на „Ванда Метрополитано“. Тој говори за една комплексна зделка, односно Баерн опипува терен за ангажман на Жоао Феликс, и преселба на Португалецот во Минхен ќе ја отвори вратата за пристигнување на Полјакот во Мадрид.






