Трајковски помина убави години во Палермо каде ја доживеа најголемата промоција. Тој му е благодаран на неодамна починатиот претседател на клубот, Маурицио Ѕампарини.
„Вестите за смртта на претседателот беа многу лоши. Никогаш нема да заборавам што направи тој за мене, ме донесе во Италија и во тие четири години ми даде голема самодоверба. Секогаш веруваше во мене и ми даваше поддршка без разлика дали работите одеа лошо или добро. Секогаш ќе остане во моето срце“, вели Трајковски за Ѕампарини.
Натпреварот од баражот за Светското првенство меѓу Македонија и Италија ќе се игра токму во Палермо.
„Кога слушнав дека ќе играме во Палермо со Италија, бев возбуден. По толку години ќе се вратам на стадионот каде поминав четири прекрасни години. Имам силни емоции. За мене тоа ќе биде прекрасен меч во прекрасен град“.
„Кога го победивме последниот меч со Исланд и обезбедивме плејоф за Светското првенство, за нас тоа веќе беше добар резултат. Македонија никогаш претходно немала шанса како оваа да игра на Светско првнество. Доколку се пласираме, тоа ќе биде спектакл. Кога се пласиравме на Европското првенство се славеше во Македонија како никогаш претходно. Не можам ниту да замислам што ќе се случува доколку се пласираме на Светско“.
„Секогаш ги почитуваме нашите противници и секогаш играме со срце. Имаме добар тим. Од што треба да стравува Италија? Од Трајковски (се шегува). Елмас е суспендиран, но Барди е исто така силен фудбалер. Имаме квалитет дури и во дефанзивата. Ние сме репрезентација која работи напорно и секогаш се труди да го дава најдоброто, што ќе се случи, ќе се случи. Не се ставаме себеси под некој притисок но секогаш се трудиме да го извадиме најдоброто. Се може да се случи во еден меч, дури и против голем тим како Италија. Тоа ќе биде прекрасен меч за играње“.






