вторник, 23 декември 2025

Трајковски: Како да беше судено да дадам гол на стадионот каде што поминав четири убави години

Објавено на

часот

Сподели

Победата на Македонија над Европскиот шампион силно оддекна во светот, Трајковски вели дека се уште не е свесен што направиле.
 
„Искрено, уште не сум свесен што направивме јас и моите соиграчи вчера. Мислам дека и ние и цела Македонија заслужуваме да се радуваме на еден ваков успех. Се надевам дека тука нема да застанеме, и пред натпреварот реков дека секогаш веруваме во нас и тоа не наградува, се надевам дека ќе отидеме на тоа Светско кое сите го сонуваме“, вели Трајковски.
 
Неговиот гол во 92. минута вечно ќе се памети. Тоа беше на стадионот кој многу добро го познава, каде што четири години настапуваше за Палермо.
 
„Очекував да заврши натпреварот и да одмориме малку за продолжението, но потоа кога ја видов таа топка како доаѓа, едноставно со последни сили успеав да шутнам, целиот фокус го ставив во тој последен шут, како да беше судено да дадам гол на тој стадион каде што поминав убави четири години“.
 
Сега ни следува Португалија, последната пречка за пласман на Светското првенство.
 
„Сега треба да одмориме, па добро да се спремиме за следниот натпревар. Мислам дека Португалците имаат многу индивидуалци, имаат одлични фудбалери, мора добро да бидеме подготвени и пак да веруваме дека можеме и со нив да се носиме. Знаеме дека ќе биде тешко, но фудбалот прави чуда, се случи тоа и вчера, можеби никој не веруваше но сепак се случи и затоа фудбалот е најубавиот спорт. Одиме во Португалија да го дадеме својот максимум и се надевам дека ќе одиме на Светско“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ