недела, 14 декември 2025

Тотнем со гол од половина терен го совлада Арсенал во Хонгконг (ВИДЕО)

Лутите градски ривали, Тотнем и Арсенал попладнево тестираа во Хонгконг, „спарси“ ја добија пресметката со минимални 1-0, Папе Матар Сар го матираше Давид Раја со лоб од половина терен.

Објавено на

часот

Сподели

Арсенал го забележа првиот пораз на подготовките за новата сезона, момците на Микел Артета денеска ја загубија пресметката против Тотнем во Хонгконг.

Еден гол беше доволен за да го реши дербито помеѓу лутите ривали, човек на одлука беше Папе Матар Сар.

Во финишот на првиот дел, Арсенал изгуби топка на средината од теренот, голманот Давид Раја беше излезен надвор од шеснаесетникот, а Папе Матар Сар сето ова убаво го забележа и со лоб од половина терен атрактивно погоди за 1-0.


ФОТО: X/Tottenham Hotspur

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ