четврток, 25 декември 2025

Тотнем реди порази, Ливерпул го победи Барнли (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Три порази по ред за Тотнем во Премиерлигата, од кои два едно по друго се на домашен терен и тоа од екипи кои не се борат за врвот.
 
Тимот на Конте во минатото коло загуби од Саутемптон со 3-2, а сега со 2-0 беа поразени од Вулвс.
 
Двата гола беа рано постигнати, Раул Хименез во 6. минута го отвори резултатот, а 12 минути подоцна Дендонекер ги постави конечните 0-2.
 
Ливерпул со гол на Фабињо во 40. минута дојде до триумф на гостувањето кај Барнли.
 
Со 1-0 победи Њукасл против Астон Вила. Трипие во 35. минута го постигна единствениот гол на натпреварот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ