петок, 26 декември 2025

Тотнем ги ангажираше Кулушевски и Бентанкур, Јувентус може да инкасира и до 70 милиони евра

Објавено на

часот

Сподели

Дејан Кулушевски е ново засилување на Антонио Конте, шведскиот репрезентативец, кој има македонско потекло, се сели во Северен Лондон на позајмица до крајот на сезоната 2022/23 за која ќе бидат платени 10 милиони евра.

Тотнем ќе има обврска во целост да го купи Дејан Кулушевски доколку оствари одредени резултати во сезоната 2022/23, како и опција трансферот да стане перманентен доколку не бидат остварени резултатите. Во двата случаи, сумата е 35 милиони евра.

Заедно со Дејан Кулушевски, во пакет во Тотнем се сели и Родриго Бентанкур. Тотнем за услугите на Уругваецот ќе плати 19 милиони евра, плус додатни 6 милиони евра во бонуси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ