Шкупи дојде до тешки три бода против Академија Пандев благодарение на Нигериецот Адетунџи кој постигна два гола.
Академија Пандев дојде до водство со гол на Бојан Димовски уште во деветата минута од натпреварот.
Шкупи во 28. минута успеа да го изедначи резултатот со гол на Адетунџи, а во 73. минута домаќините останаа со фудбалер помалку откако Сенхор заработи втор жолт картон.
Сепак, и покрај играта со фудбалер помалку, Адетунџи постигна уште еден гол, погоди во 77. минута за комплетен пресврт и победа на Шкупи од 2-1.
Актуелниот шампион, Шкендија дојде до трите бода од дуелот со Струга Трим Лум победувајќи со 3-1.
Елези во 11. минута донесе водство за тетовскиот тим од 1-0, а пред самиот крај на првиот дел Гури зголеми на 2-0.
По седум минути игра во второто полувреме Китановски ја врати Струга во игра откако намали на 2-1, но во судиското продолжение од мечот Хасани постигна гол од пенал и ги постави конечните 3-1.
Работнички со 2-0 го победи Пелистер во Битола, на зелените црно им се пишува. Заковани се на дното, а не го почнаа најдобро ниту пролетниот дел од сезоната.
Рушевиќ во 82. минута и Марјан Ристовски во 90. минута ги дадоа головите за Работнички.
Македонија Ѓорче Петров со гол на Адем на 15 минути до крајот го победи Тиквеш со минимални 1-0.
Немаше победник на дуелот меѓу Скопје и Борец, мечот заврши 1-1. Ѓорѓиев во 9. минута од пенал реализираше за 1-0 за велешкиот тим, Кировски во 15. минута го израмни резултатот.
Синоќа Ренова со 2-1 победи на гостувањето кај Брегалница.
Резултати:
Скопје – Борец 1:1
Македонија ЃП – Тиквеш 1:0
Пелистер – Работнички 0:2
Шкендија – Струга ТЛ 3:1
Шкупи – Академија Пандев 2:1
Брегалница – Ренова 1:2
Табела:
1. Шкупи 45
2. Шкендија 37
3. Академија Пандев 35
4. Ренова 30
5. Македонија ЃП 30
6. Брегалница 29
7. Струга ТЛ 26
8. Работнички 25
9. Скопје 21
10. Тиквеш 15
11. Борец 13
12. Пелистер 5






