По ремито во Шпанија (1-1), ретко кој можеше да поверува во резултатот со кој што заврши денешниот меч, тимот на Унаи Емери го уништи Јувентус со подобар финиш.
Јувентус не ги искористи своите шанси во првото полувреме, имаа и статива, а кошмарот почна да се случува од 78. минута кога Морено погоди од пенал за водство на Виљареал од 1-0.
Домаќините трнаа кон анулирање на негативата, но наместо тоа во 85. минута Пау Торес даде гол за водство на Виљареал од 2-0.
За резултатот уште да биде поболен, беше досуден уште еден пенал за Виљареал, овојпат Данџума даде гол и ги постави конечните 3-0.






