вторник, 23 декември 2025

Тензија во Јувентус, Алегри разочаран од Дибала: Зарем ти Пауло да го побараш ова?

Објавено на

часот

Сподели

Со месеци има тензија помеѓу Пауло Дибала и Јувентус откако „старата дама“ го повлече дадениот збор за нов договр и достави нова пониска понуда. 

Се најавува дека во понеделник ќе има нова средба помеѓу раководството на клубот и агентот на напаѓачот, но најавата за состанокот не е добар, медиумите од Италија пишуваат за расправија помеѓу Пауло Дибала и Макс Алегри.

Како што пишува Газета дело Спорт, Пауло Дибала заедно со Хуан Квадрадо отишле да разговараат со Макс Алегри и во име на тимот да прашаат какви се плановите во пресрет на дуелот со Салернитана, односно кога ќе биде одржан денешниот тренинг и кога тимот ќе замине во карантин. 

Тие го известиле тренерот дека тимот бара повеќе слободни часови, нешто што воопшто не му се допаднало на Макс Алегри, со оглед на тоа дека Јувентус пред неколку дена претрпе болна елиминација од Виљареал во Лигата на шампионите. 

Атмосферата брзо се вжештила, настанала расправија а Алегри бил разочаран од Дибала и му порачал: „Зарем ти Пауло да го побараш ова?“. 

Очигледно стратегот смета дека е предаден од фудбалерот, и не очекувал ваков потег од него.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ