Ерик тен Хаг се најавува како новиот тренер на Манчестер јунајтед, се говори дека веќе е постигнат вербален договор помеѓу двете страни и се чека само официјалното соопштение.
Според пишувањата на Дејли Стар, пристигнувањето на Холанѓанецот на Олд Трафорд ќе значи крај на авантурата на Кристијано Роналдо.
Стратегот го известил раководството на „ѓаволите“ дека можат да го стават ЦР7 на продажба бидејќи напаѓачот не се вклопува во неговите планови.
Овој потег ќе биде непопуларен помеѓу навивачите, кои го обожаваат Кристијано Роналдо и сигурно ќе прашаат зошто чистката мора да започне токму со играчот кој е прв стрелец на тимот оваа сезона.






