четврток, 25 декември 2025

Судијата Сера откри што му кажал Ибрахимовиќ по контроверзниот меч меѓу Милан и Специја

Објавено на

часот

Сподели

Беше 1-1 кога во самиот финиш Месиас даде гол, но некоја секунда претходно судијата Сера свирна фаул за Милан и голот не беше признаен. Во тој момент фудбалерите на Милан збеснаа, но по искрената реакција на судијата се виде дека тоа беше негова ненамерна грешка за која се кае. Некоја минута подоцна Специја даде гол и победи со 2-1.
 
По мечот и судијата Сера и судиската организација на Серија А му се извинија на Милан. А сега Сера објаснува што се случувало по крајот на мечот.
 
„Калабрија како капитен ми кажа утешителни зборови. Флоренци беше скршен како и јас, потоа поминаа Тео и Дијаз, ми рекоа да се расположам бидејќи секој може да згреши“, открива Сери.
 
„И Ибрахимовиќ зборуваше со мене, суштината на неговиот говор беше „Сега покажи дека си силен и реагирај“. Сега со нетрпение чекам да се вратам на теренот“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ