По испаѓањето на Базел и Гент од Европа, Швајцарците и Белгијците не можат да ја престигнат Србија на клупската ранг листа на УЕФА, а тоа значи дека нашиот северен сосед ќе има два клуба во Лигата на шампионите.
Шампионот на Србија би требало да има автоматски пласман во групната фаза, а вториот преку квалификациите ќе се обиде да стигне до таму.
Победникот на Купот на Србија би требало да добие место во плеј-офот за пласман во Лига Европа, а тоа значи дека во случај на Елиминација ќе има место во групната фаза од Конференциската лига.






