четврток, 25 декември 2025

„Спорт“ се сомнева во два клуба кои ѝ работат зад грб на Барселона за да го добијат Дембеле

Објавено на

часот

Сподели

Усман Дембеле ќе го одработи договорот со Барселона до крај и во јуни ќе замине како слободен играч.
 
„Ние му доставивме многу добра понуда за нов договор. Многу сум изненаден што тој не прифати понуда која дојде од англиски клуб. Тој не сакаше да замине. Немаше смисла одбивањето бидејќи тоа не е добро ниту за клубот ниту за него. Сметаме дека Дембеле веќе има договор со друг клуб“, изјави Лапорта.
 
Каталонскиот весник „Спорт“ се сомнева дека некој од Манчестер јунајтед и Јувентус има договор со Дембеле да го ангажира во јуни како слободен фудбалер.
 
Наместо да плаќа обесштетување на Барселона, клубот ќе му даде повисока плата на Дембеле ако тој кај нив пристигне како слободен играч. Францускиот фудбалер токму затоа одби да си замине во јануари.
 
Дембеле се покажа како исклучително лоша инвестиција на Барселона. Тие за него платија 140 милиони евра, му дадоа огромна плата, а тој ниту еднаш не успеа да врзе континуитет на добри натпревари.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ