Спинацола ја скина ахиловата тетива во четвртфиналето од Европското првенство, против Белгија, мечот се играше на 2. јули.
Синоќа во последните минути од мечот со Фиорентина, Спинацола влезе во игра.
„Веќе еден месец се чувствував добро, тренирав и не можев да дочекам да се вратам на теренот. Секоја минута сега ми е важна“, вели Спинацола.
„За овој момент сонував десет месеци. Среќен сум. Мојата најголема среќа беше самото враќање на тренинзите со останатите фудбалери, да бидам искрен, и повторно да почувствувам како изгледаше тоа“.
„Знам дека можам да станам подобар како играч и ќе бидам посилен отколку што бев“.
„Навистина се надевав дека ќе се пласираме во финалето, за фановите, но и за мене. Сега повторно се чувствувам како да сум јас, се надевам дека ќе дадам допринос и во финалето“.






