Се ближи крајот на квалификаците за СП 2022, познати се 27 учесници, ноќеска уште две репрезентации ќе го потврдат билетот за Катар, а последните три патници ќе бидат познати во јуни.
Ова се учесниците до овој момент:
Домаќин: Катар
Азија: Иран, Јужна Кореја, Јапонија и Саудиска Арабија
Африка: Гана, Сенегал, Мароко, Тунис и Камерун
Европа: Србија, Хрватска, Шпанија, Швајцарија, Франција, Белгија, Данска, Холандија, Англија, Германија, Полска и Португалија
Северена и Средна Америка: Канада
Јужна Америка: Бразил, Аргентина, Еквадор и Уругвај
Ноќеска се игра последното коло од квалификациите во Северна и Средна Америка (КОНКАКАФ), кое треба да ги потврди Мексико и САД како директни учесници, а Коста Рика да брка шанса преку бараж.
Последните три учесници ќе бидат познати по бараж мечевите во јуни кога Велес ќе игра со подобриот од дуелот помеѓу Украина и Шкотска, Перу ќе игра против победникот од пресметката помеѓу Австралија и Обединетите Арапски Емирати, а четвртопласаираниот од КОНКАКАФ (најверојатно Коста Рика) ќе ги одмери силите со подобриот од дуелот помеѓу Соломонските Острови и Нов Зеланд.
Ждрепката за мундијалот во Катар ќе се одржи во петок (1. април), и веќе е познато како ќе изгледаат шеширите.
Шешир 1: Катар, Бразил, Белгија, Франција, Аргентина, Англија, Шпанија и Португалија
Шешир 2: Холандија, Германија, Данска, Швајцарија, Хрватска, Уругвај, Мексико*, САД*
Шешир 3: Сенегал, Иран, Јапонија, Србија, Мароко, Јужна Кореја, Полска, Тунис/Канада
Шешир 4: Тунис/Канада, Камерун, Еквадор, Саудиска Арабија, Гана, Костарика – Соломонски Острови/Нов Зеланд, Перу – Австралија/ОАЕ, Велс – Украина/Шкотска
*Доколку директно обезбедат настап на мундијалот, што се однесува до Канада и Тунис, репрезентацијата која ќе има подобар ранкинг на 31. март ќе биде во шеширот број 3.






