вторник, 15 јули 2025
Уште еден фудбалер со трнлив пат до успехот

Собирал ѓубре, не го сакал ниту еден клуб а сега стана столб на Бразил под водство на Анчелоти

Дефанзивецот на Лил, Алекс Рибеиро го доби првиот повик од репрезентацијата на Бразил, веднаш се најде во стартниот состав и импресионираше со своите партии против Еквадор и Парагвај.

Објавено на

часот

Сподели

Алекс Рибеиро до пред неколку дена беше малку познат фудбалер, но дефанзивецот сега е една од главните теми во Бразил.

Карло Анчелоти, импресиониран од неговата партија против Реал Мадрид во Лигата на шампиони, го вметна дефанзивецот во својот прв список како селектор на Бразил и веднаш му даде шанса да дебитира и тоа како стартер.

Алекс Рибеиро покажа врвна игра покрај Маркињос во срцето на одбраната против Еквадор и Парагвај, и помогна популарните „селесао“ за прв пат во овие квалификации да врзат два натпревари без да примат гол.

Неговиот пат до успехот бил прилично трнлив, како и за многу други фудбалери од Бразил.

„Мислам дека не го знаете ова, но ова е мојот прв натпревар како професионалец во Бразил. Малку чудно, нели? Но нема ништо подобро да се дебитира во Бразил на ваков начин, со победа во квалификациите“ – рече Алекс Рибеиро по триумфот од 1-0 над Парагвај.

„Овие први денови со Анчелоти се уникатни, ќе ги паметам до крајот на животот. Покажав што умеам на оние кои имаа многу сомнежи. На присти се бројат луѓето кои ми дале шанса каква што ми укажа сега Анчелоти“.

Како дете, Алекс Риберио и се приклучува на академијата на Фламенго, каде игра со Винисиус Жуниор.

Сепак, Фламенго смета дека тој нема материјал за врвен фудбалер и му дава шут карта.

Алекс Рибеиро година ипол не можел да најде клуб, во меѓувреме работел и како собирач на ѓубре, па откако ниту еден клуб не изразил желба да го ангажира, решил среќата да си ја проба во ниските лиги на Португалија.

Чекор по чекор, стигнува до втора лига со Чавес, за во 2022 да направи трнсфер во Лил вреден околу 2 милиони евра.

Благодарение на Карло Анчелоти, сега сите во Бразил знаат кој е Алекс Рибеиро.

ФОТО: fb/Confederação Brasileira de Futebol

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ