Работнички брзо се врати на лошите резултати, овојпат загуби на свој терен од тимот на Скопје со 1-0.
Единствениот гол беше дело на Филип Јаневски во 69. минута од натпреварот.
Академија Пандев игра во одлична форма, победува на трет меч по ред, овојпат славеше над Брегалница со 2-1.
Струмичкиот тим имаше водство од 2-0 со голови на Димоски во првото и Шаркоски во второто полувреме. Брегалница во судиското продолжение преку Стојанов постигна само почесен гол од пенал.
Утре играат: Шкендија – Македонија ЃП, Шкупи – Ренова, Струга ТЛ – Пелистер и Тиквеш – Борец.






