Манчестер јунајтед синоќа беше елиминиран од Лигата на шампионите, а тоа потегна многу прашања кај критичарите. Еден од нив е Пол Сколс.
„Не знам како Рангник беше избран за тренер на овој клуб“, вели Сколс.
„Носењето на вистински тренер е голема работа. Има вистински талент во овој состав“.
„Првата работа која треба да ја направи клубот за да се доближи до освојување на лигата, е да назначи вистински тренер кој ќе работи за овој тим“.
„Не знам како овој човек беше избран да биде тренер на Манчестер јунајтед. Не за шест месеци, не за шест недели, тој не е ни за шест дена“.
„Јас би одел со Конте или Тухел. Еден од нив веројатно ќе биде слободен по крајот на сезоната“.
„Тие се два тренери од светската класа кои влеваат страв во фудбалерите и освојуваат, тоа е најважна работа. Со било кој од нив Манчестер јунајтед би бил подобар“.






