четврток, 25 декември 2025

Сколари откри како Роналдо реагирал кога му кажале дека татко му починал

Објавено на

часот

Сподели

Кристијано Роналдо ретко говори за својот татко, неодамна во разговор со Пирс Морган, ЦР7 изјави дека едвај го познавал. Жозе Динис Авеиро почина на 6. септември 2005, кога напаѓачот имаше 20 години и беше на почетокот од кариерата.

Вестите за смртта на неговиот татко, Кристијано Роналдо ги дознал непосредно пред натпревар против Русија во квалификациите за Светското првенство во Германија.

„Ми беше тешко, но тоа беше момент кој не поврза, имавме однос поголем од оној на фудбалер со тренер“ – вели Луиз Фелипе Сколар, кој тогаш беше на коримилото на Португалија.

„Вестите стигнаа пред дуел со Русија, никој не знаеше како да му соопшти, а и никој не сакаше да му ги соопшти вестите. Па јас превзедов одговорност, знаев што значи да се изгуби родител“.

„Беше тажно, но тој момент не поврза како пријатели. Следниот ден, Кристијано одигра прекрасен натпревар и се врати во Португалија. Побара да игра, ми рече, „Не можам да сторам ништо за мојот татко денес, па утре ќе играм и потоа ќе заминам““.

Таткото на Крисијано Роналдо почина поради проблеми со црниот дроб. Војната во Ангола го променила, станал алкохоличар и за жал не успеа да ги види најголемите успеси на неговиот син.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ