Во ПСЖ сметаат дека Бензема направи фаул врзо Донарума при првиот гол на Реал Мадрид. Тоа беше погодок кој го смени текот на натпреварот.
Ал Келаифи дава големи пари во ПСЖ и очајно посакува да биде најдобар во Европа, но ниту оваа сезона не успеа да го направи тоа.
Неговата фрустрација изби по последниот судиски свиреж, па информациите од Шпанија велат дека тој се симнал во тунелот и ги барал судиите.
Ал Келаифи бесен викал и удирал се што има пред него барајќи ја соблекувалната на судијата Дани Макели. Тој влегол во канцеларијата на делегатот на Реал Мадрид, Мегиа Давила. Ситуацијата била многу непријатна.
Еден од вработените на Реал Мадрид со телефон го снимал дивеењето на Ал Келаифи, кога тој го забележал тоа му го удрил телефонот заканувајќи му се со зборовите: „Ќе те убијам“. Тој бил придружуван и од Леонардо.
Ова не е првпат Ал Келаифи и Леонардо да прават притисок врз судиите. Сличен инцидент се случи и на првиот меч во Парис кога двајцата се симнаа во тунелот и му правеа притисок на судијата Орсато.
Инцидент имаше и во 2019 година кога ПСЖ играше со Манчестер јунајтед.
Ал Келаифи веројатно е навикнат во животот да добива се што ќе посака со помош на пари и трофејот од Лигата на шампионите е првото нешто до кое не може да дојде без разлика на милионите кои ги има дадено.






