вторник, 23 декември 2025

Скандал во ПСЖ: Нејмар пијан доаѓал на тренинзите?!

Објавено на

часот

Сподели

ПСЖ е во криза по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампиони, изминатиов викенд следуваше нов срамен пораз од 3-0 во дуелот со Монако.

На сите им е јасно дека нешто не штима на „Паркот на принцовите“ а новинарот Даниел Риоло прстот го впери кон Нејмар и порача дека Бразилецот ќе го уништи клубот, затоа е најдобро што побрзо да замине.

„Тој речиси и воопшто да не тренира, на тренинзите доаѓа мизирен, речиси пијан. Нејмар е во духот на одмаздата против ПСЖ. Целесно има расчистено и со клубот и со соиграчите“ – вели Риоло.

„Најдобро е да му напишеме чек и да го пуштиме да си оди. Тој му прави голема штета на клубот. Пуштете го да си оди , го уништува ПСЖ“.

Нејмар е најскапото засилување во историјата на ПСЖ вредно 222 милиони евра. Бразилецот исто така е најплатениот фудбалер во Париз и првенството на Франција со нешто над 4 милиони евра бруто месечна плата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ