Кристијано Роналдо е во фокусот по дербито на Манчестер, Португалецот ја пропушти пресметката на Етихад и има многу гласини која е причината за ова.
Тренерот Ралф Рангник се правдаше дека го изоставил играчот поради повреда.
„Морам да му верувам на лекарскиот тим. Докторот дојде да ме види во петокот наутро пред тренингот и ме извести дека Кристијано Роналдо не може да тренира бидејќи има проблем со мускулот, истото се случи и во сабоата, па затоа тој не можеше да биде дел од составот“ – објасни тренерот.
Но се шпекулира дека Кристијано Роналдо бил изоставен поради тактичка причини, неговата сестра, Катиа Авеиро „лајкна“ еден пост кој велеше дека ЦР7 е подготвен за настап, но Ралф Рангник одлучил да не го игра.
Според пишувањата на Сан, кога Кристијано Роналдо дознал дека нема да биде стартер против Манчестер Сити, се качаил во авион и отпатувал во Португалија. Соиграчите биле изненадени од вакиот потег, очекувале тој да се појави во хотелот каде што престојуваше експедицијата на „ѓаволите“ во саботата навечер.






