Карло Анчелоти добил позитивен тест на ковид-19 и извесен период ќе треба да биде во изолација.
Негов прв помошник е неговиот син, Давиде Анчелоти па во отсуство на својот татко тој ќе ја има улогата на прв тренер.
Реал Мадрид во сабота гостува кај Селта во меч од Примера, а четири дена подоцна игра со Челси во Лигата на шампионите.
Од кралскиот клуб се надеваат дека Анчелоти ќе добие негативен тест до дуелот со Челси.






