Не станува збор за аматерка, Мејкела Мур игра за Ливерпул, но на синоќешниот меч против САД кој се играше во рамките на меѓународен пријателски турнир, таа направи нешто кое ќе се памети.
Селекцијата на САД која ја предводи нашиот Влатко Андоновски важи за една од најсилните во светот, па на Мур не и беше сеедно да игра против тие фудбалерки.
Првиот автогол си го даде во 5та, минута, а во следната веќе си постигна и втор автогол. Третиот го даде во 36. минута, по што веднаш беше повлечена од игра.







