четврток, 25 декември 2025

Швајнштајгер за големата болка која му ја нанел Мурињо: На мојот роденден, влегов во соблекувалната и…

Објавено на

часот

Сподели

Германецот во 2015 реши да го напушти Баерн Минхен за авантура во Премиерлигата и дресот на Манчестер јунајтед. Но новото искуство брзо се претвори во кошмар кога во 2016 на тренерското столче седна Жозе Мурињо.

Португалецот не сметаше на Бастијан Швајнштајгер, па реши на фудбалерот да му забрани пристап до првиот тим и го испрати да тренира со резервите.

„Тоа беше навистина чудно, па уште и се случи на мојот роденден (1. август). Влегов во соблекувалната да се пресоблечам и некој ми кажа дека пристапот ми е забранет и дека треба да тренирам со резервите“ – вели Швајнштајгер.

„Подоцна разговарав со Мурињо, тој се обиде да ми објасни, но јас не разбирав што сака да каже, беше поврзано нешто со мојата втора повреда“.

„А со нетрпение чекав да се вратам во Манчестер јунајтед и да почнам да соработувам со Жозе Мурињо, кој претходно два пати се обиде да ме ангажира, еднаш кога беше тренер во Интер, и вториот пат кога беше во Реал Мадрид“.

„Имав голема почит кон него, но не разбирав зошто не можам да тренирам со првиот тим и зошто мислеа дека не сум професионалец. Секогаш сум бил професионалец, тоа го покажав и подоцна, кога тренирав со младинците“.

„Мурињо подоцна ми се извини, ми рече дека погрешил и секако беше убаво да го слушнам тоа, но бев повреден, ме болеше срцето“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ