Роберт Левандовски синоќа испиша нова историја и го постигна најраниот хет-трик во Лигата на шампиони, откако на РБ Салцбург му даде три гола по само 23. минути игра. Но околу неговата иднина има многу прашалници, договорот му е актуелен до 2023 години и нема абер за продолжување на соработката.
Според пишувањата на Билд, Роберт Левандовски е изненаден од тоа што никој од клубот лично не го контактирал за да му ги пренесе намерите.
Легендата Лотар Матеус неодамна го критикуваше раководството на Баерн Минхен и побара поголема почит за ѕвездите на тимот (не само Роберт Левандовски, туку и за Томас Милер и Мануел Нојер).
Но поранешниот играч Марио Баслер има друго размислување и реши да го критикува Роберт Левандовски.
„Колку сакаш да бидеш ценет? Луѓето од раководството отворено кажуваат само позитивни работи за него, покажуваат дека сакаат да му го обноват договорот. Тој заработува многу повеќе од другите. Што сака повеќе од Баерн? Да му ги сечат ноктите“ – рече Баслер по синоќешната победа од 7-1 над РБ Салцбург.
„Дури Герд Милер и Франц Бекенбауер не беа толку ценети како што Баерн сега го цени Левандовски. Во историјата на Баерн, нема играч кој бил повеќе ценет од Левандовски“.






