среда, 24 декември 2025

Шоу на Дембеле, Барселона убедливо го победи Атлетик Билбао (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Барселона го отвори мечот во 37. минута со гол на Обамејанг кој најдобро се снајде по една мешаница во шеснаесетникот на Билбао.
 
 
Во 67. минута во игра влезе Дембеле кој одби да го продолжи договорот со Барса, но и одби да биде продаден, па на лето како слободен ќе си замине од клубот.
 
Но додека е таму вети дека ќе го дава максимумот, вечерва навивачите на Барса го видоа во најдоброто негово светло. Даде гол и имаше две асистенции.
 
Во 73. минута со силен шут од странична позиција постигна гол за водство на Барселона од 2-0.
 
 
Во 90. минута му нафрли на Лук де Јонг кој зголеми на 3-0.
 
 
А во 94. минута асистираше до Депај кој ги постави конечните 4-0.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ