Шкупи ја зголеми предноста на 10 бода во однос на Шкендија откако тие победија, а тетовскиот тим одигра нерешено во денешното 21. коло.
Чаирскиот тим со 3-2 го победи Тиквеш. Кевен даде еден гол, Адетунџи два, погодоците за кавадаречкиот тим ги постигнаа Стојков и Нгоба.
Мечот меѓу Шкендија и Академија Пандев заврши без голови.
Работнички со гол на Максимов пред крајот на првото полувреме победи на гостувањето кај Скопје со 1-0.
Со ист резултат славеше Струга Трим Лум кај Борец. Погодокот го постигна Шабани на почетокот од второто полувреме.
Мечот меѓу Пелистер и Ренова ќе се игра утре во 14 часот во Охрид откако денеска во Битола поради снегот немаше услови да се одигра.
Вчера Македонија Ѓорче Петров со 2-1 ја совлада Брегалница.
Табела по 21 коло:
1. Шкупи 51
2. Шкендија 41
3. Академија Пандев 29
4. Македонија ЃП 36
5. Ренова 30 (-1)
6. Брегалница 30
7. Струга ТЛ 30
8. Работнички 28
9. ФК Скопје 21
10. Тиквеш 18
11. Борец 13
12. Пелистер 5 (-1)






