четврток, 25 декември 2025

Шкупи го победи Работнички, Академија Пандев му даде пет гола на Скопје

Објавено на

часот

Сподели

Шкупи дојде до нови три бода во битката за титулата благодарение на Радески кој го постигна единствениот гол на гостувањето кај Работнички за триумф од 1-0.
 
Ѓорѓиев имаше блескав настап за Академија Пандев против Скопје, за само 24 минути постигна хет-трик, погоди во 5. 11. и 29. минута за убедлива предност од 3-0.
 
Во второто полувреме погодија Ангелов и Велиновски за победа од 5-0.
 
Македонија Ѓорче Петров со гол на Воша уште во втората минута, победи на гостувањето кај Ренова со 1-0.
 
Струга Трим Лум се спаси од пораз против Брегалница. Мечот заврши 1-1.
 
Штипјани поведоа со гол на Стојанов во 59. минута, израмни Босанчиќ на шест минути пред крајот.
 
Тиквеш со гол на Љамчевски во самиот финиш од мечот го победи Пелистер со 1-0.
 
Вчера Брегалница со 3-0 славеше на гостувањето кај Борец.
 
Резултати:
 
Академија Пандев – Скопје 5:0
Работнички – Шкупи 0:1
Ренова – Македонија ЃП 0:1
Струга ТЛ – Брегалница 1:1
Тиквеш – Пелистер 1:0
Вчера
Борец – Шкендија 0:3
 
Табела:
 
1. Шкупи 48
2. Шкендија 40
3. Академија Пандев 38
4. Македонија ЃП 33
5. Ренова 30
6. Брегалница 30
7. Струга ТЛ 27
8. Работнички 25
9. Скопје 21
10. Тиквеш 18
11. Борец 13
12. Пелистер 5
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ