недела, 21 декември 2025

Шкупи дојде на чекор до титулата

Објавено на

часот

Сподели

Шкупи потешко од очекувањата дојде до победа од гостувањето кај Пелистер. Клучниот момент се случи во 65. минута кога Имери даде гол за победа од 1-0.
 
Со истиот резултат Македонија Ѓорче Петров го совлада Работнички. Емини во 11. минута беше стрелец на единствениот гол.
 
Борец со 2-0 беше подобар од Струга. Двата гола беа постигнати во вториот дел, Ѓоѓевиќ и Ѓорѓиев беа стрелци на погодоците.
 
Утре се играат преостанатите три натпревари: Брегалница – Шкендија, Скопје – Тиквеш и Ренова – Академија Пандев.
 
Резултати:
 
Пелистер – Шкупи 0:1
Македонија ЃП – Работнички 1:0
Борец – Струга ТЛ 2:0
 
Табела
 
1. Шкупи 68
2. Македонија ЃП 53
3. Шкендија 52 (-1)
4. Академија Пандев 52 (-1)
5. Ренова 38 (-1)
6. Брегалница 38 (-1)
7. Работнички 37
8. Струга ТЛ 36
9. Скопје 26 (-1)
10. Тиквеш 34 (-1)
11. Борец 18
12. Пелистер 10 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ