среда, 24 декември 2025

Серија А со одлука која може да и донесе предност на Македонија во пресметката со Италија

Објавено на

часот

Сподели

Неодамна, првиот човек на ФФИ, Габриеле Гравина побара да се одложи 30. коло во Серија А со цел „аѕурите“ да имаат повеќе време за подготовка за бараж мечевите за пласман на мундијалот во Катар.

Избраниците на Роберто Манчини на 24. март играат против Македонија во полуфиналето, a пет дена подоцна е закажано финалето.

Сепак, Серија А реши да го игнорира барањето, па натпреварите во Калчото ќе се играат според планираното и нема да има слободен викенд во периодот 18-20 март.

30. коло ќе започне во петок во 18:45 часот со мечот помеѓу Сасуоло и Специја а ќе заврши во недела во 20:45 часот. На програмата се две интересни пресметки, Интер ја пречекува Фиорентина, а ќе се игра и дербито на Рим, Рома е домаќин на Лацио.

Фото: ФФМ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ