среда, 24 декември 2025

Се подготвува најскапиот трансфер во Премиерлигата

Објавено на

часот

Сподели

Летоска одново може да биде срушен трансфер рекордот во Премиерлигата, како што пренесува Тајмс, Вест Хем ја одредил цената на Деклан Рајс.

„Чеканите“ бараат најмалку 120 милиони фунти (околу 144 милиони евра) за фудбалерот од средниот ред, кој со своите одлични партии го привлече вниманието на многу клубови, а најзагреани се Манчестер јунајтед и Челси.

Во моментов најскап фудбалер во Премиерлигата е Џек Грилиш, за кого Мначестер Сити минатото лето плати 100 милиони фунти (околу 120 милиони евра).

Втор најскап трансфер е оној на Ромелу Лукаку, за кого Челси на Интер му плати околу 96 милиони фунти (околу 115 милиони евра).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ