среда, 24 декември 2025

Сè е на продажба, Абрамович се плаши од санкции поради војната на Русија во Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Сините“ од Лондон можат да добијат нов сопственик, како што пренесуваат медиумите од Англија, Роман Абрамович бара купец. Милијардерот од Русија, кој има и израелско државјанство, стравува од санкции па го продава својот имот во Англија, односно неколку луксузни вили и фудбалскиот клуб Челси.

Според пишувањата на Телеграф, интерес за Челси постои од три страни и до крајот на неделата ќе пристигнат понуди.

Милијардерот од Швајцарија, Хансјорг Вис потврди дека добил предлог да го купи Челси, размислува дали да влезе во ваква зделка и доколку се реши за ваков потег, тоа ќе го направи само како дел од конзорциум.

„Абрамович се обидува да ги продаде сите вили во Англија, исто така сака што побрзо да го продаде и Чесли. Јас и уште тројца други луѓе во вторникот добивме понуда да го купиме Челси од Абрамович. Ќе почекам 4-5 дена, во моментов Абрамович бара премногу. Знаeте, Челси му должи околу 2 милјарди фунти на Абрамович“ – вели Вис во разговор со Блик.

„Секако, нема шанси да влезам сам, доколку го купам Челси, тоа ќе биде со конзорциум во кој ќе има шест до седум инвеститори“.

Пратеникот на Лабуристите, Крис Брајант исто така откри дека Роман Абрамович го продава домот во Велика Британија и уште еден апартман бидејќи се „плаши од санкции“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ