четврток, 25 декември 2025

Сасуоло го победи Интер во Милано, нов неуспех на нероазурите

Објавено на

часот

Сподели

На последните три меча во лигата Интер има два порази и едно реми, а тоа ја прави трката за Скудетото супер интересна.
 
Денеска нероазурите загубија на свој терен од Сасуоло со 2-0. Момците создадоа многу шанси за гол, но голманот Консиљи беше брилијантен.
 
Што го очекува Интер најави Распадори со погодок уште во осмата минута од натпреварот, Скамака во 26. минута го постигна вториот гол за Сасуоло.
 
Интер имаше доволно време за да се врати во игра, но Сасуоло не само што издржа, туку имаше и шанси за поубедлива победа.
 
Де Фрај во судиското продолжение даде гол за Интер, но му беше поништен поради играње со рака.
 
Милан е прв на табелата со 56 бодови но и натпревар помалку од Интер и Наполи кои имаат 54 односно 53 бодови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ