Се посигурно е дека финалето од Лигата на шампионите ќе се игра во друг град, иако официјалниот став на УЕФА е дека засега нема промена, но ситуацијата внимателно се следи.
Тензијата меѓу Русија и Украина е се поголема, прогнозите не се розерви, ЕУ, Велика Британија и САД најавуваат санкции, а сето тоа ќе допринесе и за преместување на финалето од Лигата на шампионите.
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон синоќа изјави дека нема шанси Русија да организира големи фудбалски настани во овој период.
Еден од најголемите проблеми ќе биде тоа што фановите на екипите учеснички во финалето нема да можат да отпатуваат во Санк Петербург поради рестрикциите кон Русија и апелите да не се патува во завојуваните земји.
УЕФА веќе ги разгледува опциите за нов домаќин, а еден од фаворитите е Вембли.






