Вејн Руни и Кристијано Роналдо пет години играа заедно во форот на Манчестер јунајтед и освоија многу трофеи, помеѓу кои три во Премиерлигата и еден во Лигата на шампиони.
„Роналдо е навистина добар фудбалер, ама знае да ви ги „искине“ нервите. Сега можеби не е толку добар, ама сигурно продолжува да „кине“ нерви“ – вели Вејн Руни со насмевка на лицето.
Нивниот однос беше ставен на тест во 2006, кога на мечот помеѓу Португалија и Англија на мундијалот, ЦР7 „го намести“ својот соиграч да добие црвен картон.
„Немав никаков проблем со Роналдо, разговаравме во тунелот кон соблекувалните. Му кажав, „Немам ништо против тебе поради тоа што „ме намести“ да ме исклучат“. И јас во првото полувреме се обидував тој да добие жолт поради глума. Сите знаат, тој обожава да глими“.
Напаѓачот потоа додаде: „Видeте, јас сум Англичанец, тој е Португалец. Кога го носиме националниот дрес, пет пари не давам за него, тој не ми е пријател“.
„Но кога ќе заврши натпреварот, повторно сме пријатели“.






