Вејн Руни го советува Манчестер јунајтед да повлече голем потег и да се ослободи од Кристијано Роналдо и Пол Погба.
„Мислам дека е подобро Погба да замине, да си најде нов клуб. Доколку Пол е искрен со самиот себе, знае дека не ја направи разликата што сакаше да ја направи кога се врати во Манчестер јунајтед“ – вели поранешниот напаѓач на „ѓаволите“.
„Го гледам во дресот на Франција и тој е сосема различен фудбалер таму. Во репрезентацијата секогаш покажува што умее, каква визија и контрола на натпреварот има. Во Манчестер јунајтед не се снајде“.
Запрашан дали Кристијано Роналдо ја направил разликата која се очекувала, тој додава: „За жал во овој момент ќе кажам НЕ“.
„Постигна важни голови во Лигата на шампиони и Премиерлигата, постигна хет-трик против Тотнем, но мислам доколку размислувате за иднината на клубот, морате да одите со млади и „гладни“ за успех играчи кои ќе го подигнат нивото на игра во следните две-три години“.
„Кристијано не е играчот кој беше пред десетина година. Да, тој секогаш е опасност по противничкиот гол, но во останатиот дел од мечот, потребно е повеќе. Како што реков, потребни се млади и „гладни“ играчи“.






