Кристијано Роналдо уште еднаш ја покажа својата големина, не играше против Сити, но вечерва одигра фантастичен меч против Тотнем и му донесе три бода на Манчестер јунајтед.
Роналдо серијата погодоци ја отвори во 12. минута кога постигна прекрасен гол од голема далечина за водство на Манчестер јунајтед од 1-0.
Во 35. минута Хари Кејн од пенал го изедначи резултатот на 1-1, но само три минути подоцна Роналдо по асистенција на Санчо го врати водството на Манчестер јунајтед, сега од 2-1.
Тој резултат беше актуелен до 72. минута кога Хари Мегваер си постигна автогол и уште еднаш ги разочара навивачите на неговиот клуб, 2-2.
Но, тука е Кристијано Роналдо, Португалецот со гол со глава во 81. минута комплетираше хет-трик за победа на Манчестер јунајтед од 3-2.






