понеделник, 22 декември 2025

Роналдо одговори на критиките од Руни: Љубоморен си! (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Вејн Руни во понеделникот беше гостин на Скај Спортс и ги коментираше случувањата во Манчестер јунајтед. Рече дека Кристијано Роналдо не е истиот играч од пред десет години, и дека клубот треба да се фокусира на млади и „гладни“ играчи.

„Постигна важни голови во Лигата на шампиони и Премиерлигата, постигна хет-трик против Тотнем, но мислам доколку размислувате за иднината на клубот, морате да одите со млади и „гладни“ за успех играчи кои ќе го подигнат нивото на игра во следните две-три години“ – рече Руни.

„Кристијано не е играчот кој беше пред десетина година. Да, тој секогаш е опасност по противничкиот гол, но во останатиот дел од мечот, потребно е повеќе. Како што реков, потребни се млади и „гладни“ играчи“.

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед вчера на социјалните мрежи сподели фотографија од гостувањето заедно и во коментари доби порака од Кристијано Роналдо.

„Премногу си љубоморен!“ – напаша Кристијано Роналдо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ