Првото полувреме на Јунајтед беше лошо, Брајтон имаше поизгледни прилики за гол, но Де Хеа и на овој натпревар беше брилијантен.
Сепак, по шест минути игра во вториот дел Кристијано Роналдо постигна одличен погодок за водство на Манчестер јунајтед од 1-0.
Само три минути подоцна Брајтон остана со фудбалер помалку откако Данк заработи црвен картон.
Брзо потоа Манчестер јунајтед преку Роналдо и Бруно Фернандеш имаше шанси да го реши мечот предвреме, но не успеа.
Тоа можеше да го чини скапо во финишот, Модер во 78. минута можеше да изедначи, ја погоди пречката, а во 90. минута Велбек имаше шанса, но не реализираше и тој.
Конечните 2-0 ги постави Бруно Фернандеш со гол во 97. минута од натпреварот.






