вторник, 23 декември 2025

Роналдо ги предупредува Португалците пред дуелот со Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Македонија во вторник ќе се бори за билет за СП 2022, противник на избраниците на Боби Милевски ќе биде Португалија.

Португалците вчера не дозволија изненадување во дуелот со Турција и славеа со 3-1 за финале. Тие сигурно очекуваа пресметка со Италија, и кога слушнаа за резултатот на „Ренцо Барбера“, многумина веројатно веќе се виделе во Катар.

Сепак, Кристијано Роналдо преку социјалните мрежи ги повика своите соиграчи да не ја потценуваат Македонија.

„Ова е само првиот чекор кон нашата голема цел, кон Светското првенство во 2022. Ништо не сме оствариле. Мораме да продолжиме со напорната работа, да останеме фокусирани, да го почитуваме противникот но во исто време да веруваме во нашите способности. Напред Португалија! Одиме во Катар!“ – гласеше пораката на ЦР7 на Инстаграм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ