четврток, 25 декември 2025

Роналдо: Читам дека Мбапе ќе заработува 50 милиони годишно во Реал… играв во погрешно време

Објавено на

часот

Сподели

„Феноменот“ како гостин кај Бобо Виери на Твич, даде свое видување за Килијан Мбапе и синоќешните најави на Билд дека Французинот потпишал за Реал Мадрид за луда плата од 50 милиони евра по сезона.

„Мбапе е многу силен, ја има таа брзина и таа ладнокрвност пред голот поради кои ќе биде број 1. Ги прочитав шпекулациите дка ќе оди во Реал Мадрид и ќе заработува 50 милиони годишно… Очигледно играв во погрешно време“ – вели Роналдо со насмевка на лицето.

„Фудбалската индустрија белижи огромен раст па затоа и ѕвездите добиваат толку многу пари“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ