четврток, 25 декември 2025

Рома во 94. минута се спаси од пораз против Сасуоло (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Рома кај Сасуоло отпатува по три бода, но на крајот се спасуваше од пораз.
 
Волчицата поведе пред самиот крај на првото полувреме кога Абрахам погоди од пенал за водство од 1-0.
 
Но, по само две минути игра во вториот дел Смолинг го смени правецот на една топка, Руи Патрисио беше изненаден и катастрофално реагираше, топката влезе во неговата мрежа, Сасуоло израмни на 1-1.
 
Во 73. минута Траоре постигна гол за комплетен пресврт и водство на Сасуоло од 2-1, а пет минути подоцна домаќините останаа со играч помалку откако Ферари заработи втор жолт картон.
 
Рома сепак на крајот успеа да израмни со гол на Кристанте во 94. минута, топката не ја затресе мрежата, но ја мина гол линијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ