среда, 24 декември 2025

Рома победи со гол од пенал во 99. минута (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Рома конечно дојде до победа во Серија А, но и овој триумф беше изборен на мускули. Мурињо не беше на клупата поради суспензија.
 
Пред самиот крај на првото полувреме Специја остана со играч помалку откако Амиан доби втор жолт картон.
 
Рома со сите сили се обидуваше да дојде до триумф, имаа многу шанси за гол, но не успеаа да постигнат погодок се до пред крајот од мечот.
 
Течеше судиското продолжение кога Заниоло доби удар во главата од играч на Специја во шеснаесетникот. По прегледувањето на ВАР снимките беше покажан пенал за Рома.
 
Абрахам во 99. минута реализираше од белата точка за победа на Рома од 1-0.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ